Skip to main content

Конзола за пренос на тежок товар

Конзолата за пренос на тежок товар нема предни потпори при поставување и земање на товарот. Сите нивоа се достапни на вилушкарот. Разновидноста на нашиот систем со конзола за пренос на тежок товар е идеален за секаков вид работна средина: од рачна изработка до масивно производство и од сопствена малопродажба до дистрибуција.

Идеи за складирање

Конзолата за пренос на тежок товар е идеална за складирање тешки и долги предмети како што се челични решетки, цевки, пакети дрва, мебел па дури и бела техника. Производите се складираат хоризoнтално на рачките и со нив може да се ракува рачно или пак со примена на виљушкар или кран.

Конфигурации на конзолата

Конзолата за пренос на тежок товар е достапна во две форми, со еднострана и двострана конфигурација. Двостраната конфигурација овозможува капацитет за максимално складирање во централната колона додека пак едностраната конзола е дизајнирана да стои припоена за ѕидот.

Има можности за модулирање на конзолата, додатни рачки, потпори и спојници може да се додадат како што се менуваат согласно со потребите за складирање.

Сите аспекти на производот се дизајнирани и се во согласност со препораките на Европската федерација за ракување со материјали FEM 10.2.09 нормативот и EN 1993-1-1:2005, Дизајн на челичните структури.

Предности:

  • Ова е идеалниот системот за складирање на долги стоки
  • Безбедно и организирано складирање на долги и големи производи
  • Максимално искористување на хоризонталниот простор
  • Добро и за внатрешна и за надворешна употреба
  • Должината на рафтовите и оддалеченоста помеѓу профилите може да се прилагоди зависно од товарот
  • Секој систем е дизајниран и произведен согласно со прецизни потреби на клиентот
  • Потпорите, базата и рачките се направени по европските профили IPE
  • Системот на конзолата е дизајниран и произведен согласно со тековните Европски стандардни, поставени од Европска федеразија за ракување со материјал (FEM)
  • Управување со квалитетот е согласно со Стандардите на Европската Унија EN ISO 9001-2000
  • Воведен и утврден со TUV RHINELAND

Висина:до 12m(во зависност од профилот IPE)

Должина на рачка: до 2м (можат да се создадат и посебни решенија за поголеми должини)

Колоните можат да бидат поставени на максимална оддалеченост од 2m.(за подолга оддалеченост можат да се создадат посебни решенија)

Колоните и рачките се исфарбани во стандардната сина боја RAL 5010 (можат да бидат и во други бои)

За надворешните инсталации, надворешната фарба е достапна или пак инсталациите можат да бидат поцинковани доколку станува збор за корозивна надворешна средина.