Skip to main content

Складирање на палети – Циркуларни палети

Складирањето на циркуларни палети, исто така познато како Pallet Live складирање, е погодно за  FIFO (први внатре- први надвор) складирање на стоки со висока стапка на обрт и брз пристап до бараните стоки, но искористува до 60% помалку простор отколку магацин со конвенционален систем на палети на полици.

Dexion системот на складирање со циркуларни палети воглавно се користи кога треба да биде складиран ограничен опсег и големи количини на стоки во палети со користење на принципот први внатре-први надвор. На површината за товарење, палетите се поставени на ленти за складирање и автоматски се тркалаат напред на закосените транспортери со тркала под дејство на гравитационата сила. Брзината на палетите коишто се движат надолу по патеката е контролирана од страна на серија кочници и кога палетите ќе стигнат до површината за подигање, тие контролирано се запираат од страна на комбиниран сепаратор на товар и крајна стоп единица.

Овој тип на технологија за складирање, која често се користи во индустријата за пијалоци или како бафер зона за складирање во преработувачката индустрија, бара само две патеки за вилушкар, една за утовар и една за повторно земање на стоките.

Придобивки:

  • До 60% помалку простор отколку конвенционалните палети со полици
  • Прв внатре-прв надвор (FIFO) операцијата овозможува автоматска ротација на товарот
  • Површини посветени само за утовар и повторно земање на стоки, значи потребни се само две патеки за вилушкар
  • Поголема брзина на работа во магацин

Длабочина на каналот: Зависи од бројот на палетите

Ширина на каналот:
1000mm (1 лента)
2000mm (2 ленти)
3600mm (3ленти)
Висина на блокот: До 1200mm

Товарeње: Тежина на палета: до 1200kg

Завршеток: столб: претходно галванизирани

Греди: претходно галванизирани или офарбани

Прибор: претходно галванизиран или офарбан

Други димензии можат да бидат произведени според барањата на клиентот и барањата на проектот.