Skip to main content

Hi280 Систем со рафтови – Тесен премин

Системот со рафтови Hi280  е произведен од претходно поцинкован челик со целосно автоматизирани производни линии. Дизајнот на системот е базиран на принципот со минимален број компоненти со цел да обезбеди едноставна и брза монтажа и обновувачки процес.

Hi280 систем со тесен премин е тестиран, димензиониран и одобрен согласно со нормите на Европската Федерација за ракување со материјал.

Системот со рафтови со тесен премин најповеќе се користи во магацини кои работат 24 часа дневно, по можност со автоматски кранови. Најголемата предност која што ја нуди инсталацијата за складирање со тесен премин е оптимизацијата на местото за складирање, ова се должи на фактот дека столбната конзолна дигалка бара помалку простор за маневрирање во споредба со управување со традиционалниот вилушкар. 

Системот со рафтови Hi280 со тесен премин е неспоредлив со другите системи кои што применуваат тесен премин. Длабочината на рафтовите може да варира од 300mm до 1000mm со висина до 15m.

Најчестите длабочини се 400mm или 500mm во зависност од дизајнот и димензиите на товарот кој што носи пластични пакувања. Должината на дизајнот, во принцип, не е ограничена.

Димензии:

Длабочина: 300, 400, 500, 600, 800, 1000mm
Должина: 900, 1000, 1290, 1500, 1750, 2000, 2250, 2500mm
Стандардна висина: 1000, 1600, 2100, 2300, 2500, 3000, 4600mm

Товарење:

Полици од 75kg до 400kg рамномерно распределен товар на рафт

Завршеток:

Рамките на компонентите и рафтови се произведени од претходно галванизиран челик.